2win800x200

Приведен битолчанец за издржување казна затвор од две години

Април 27, 2022

На 26.04.2022 во 21.10 часот во село Волково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје лишиле од слобода 37 годишно лице од Битола, со живеалиште во Скопје.

Битолчанецот бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани