2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола одбележа 21 година од маскарот кај Вејце

Април 28, 2022

Денеска  во Битола се одбележа  21 година од масакрот кај Вејце, кога во конфликтот во 2001 годин   загинаа 8 мина припадници на специјалната единица на МВР, од кои 4 беа битолчани. Нивните семејства, припадници на полицијата,  претставници на локалната самоуправа, политичките партии и граѓани, положија цвеќе и се поклонија пред спомен обележјата во Битола подигнати во нивна чест. 

1 
-Да се потсетиме но и да укажеме тоа зло да не се повтори. Сведоци сме на едни тешки времиња и историјата повторно не потсетува на овие млади луѓе. Слава и почит на нивната маченичка смрт, рече Тони Коњановски, градоначалник на Битола
 
4
 
Преживеаните бранители се. пожалија дека државата не им се оддолжи за нивните херојски дела, ниту нив, ниту на семејствата на паднатите борци во 2001 година.  
 
-Го знаете статусот на бранителите, го знаете статусот и на живите бранители. Потценети сме од државата, не сме почитувани, и сме оставени како група граѓани кои се бореле и тоа поминало и заминало, рече Сашо Гилевски, бранител
 
0 02 0a 11df2838c98ca5444e2c92ef4eae6dec106e1ab750bf179d496a2ec374d49275 ebedb13824d16a9f.mp4.00 01 03 14.Still003
 
Масакрот кај Вејце се случи на 28 април 2001 година, кога во заседа загинаа Роберт Петковски и Игор Костевски  од Скопје, Бобан Трајковски  од Куманово, , Миле Јаневски  од Македонска Каменица и четворицата битолчани,  Марјан Божиновски,  Илче Стојановски,  Кире Костадиновски  и Бошко Најдовски. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планински пат во близина на тетовското село Вејце. 
2
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани