АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и пред споменикот „Ангел“ кај Саат кулата во Битола, денес се одбележаа 20 години од масакрот кај Вејце, во кој што во заседа беа нападнати и масакрирани осум припадници на Посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица “Волци“, од кои четворица од Битола и битолско.
Почит им одадоа семејствата на загинатите, претставници на локалната самоуправа, Советот на Општина Битола, припадници на полицијата, на посебните специјални единици, претставници на околните општини Могила и Новаци, како и други ллица
На денешен ден во конфликтот во 2001 година, во заседа кај тетовско Вејце од битолскиот регион загинаа Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски
-Болката и по 20 години е иста, некои велат се заборава, но ние директните учесници во конфликтот во 2001 годинаова никогаш нема да избледнее од нашите срца, ќе остане до крајот на нашиот живот. Им порачуваме на младите да се борат за ова парче земја. Сакам да упатам уште една порака - мора сите заедно да ја градиме оваа држава, мора да има соживот меѓу сите етнички заедници, изјави Сашо Гилевски, бранител