АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СОУ „Таки Даскало“ Битола со бројни активности го одбележа својот патрон празник 3 Мај. По повод чествувањето на патронот, делегација, предводена од директорот на Училиштето, Ристо Грујовски, положи свежо цвеќе пред бистата на Таки Даскало, во Градскиот парк, каде му оддадоа почест по повод 80-годишнината од неговата херојска смрт.
Во рамките на активностите за одбележување на патрониот празник, на 5 мај во Киното Манаки, ќе се одржи и свечена академија, на која ќе настапат ученици од гимназија и од стручното образование, со музички изведби, како и со свои рецитали на оригинални литературни творби, наградени на републички натпревари и публикувани во зборници на творби во соработка со локалната заедница.
На свечената академија ќе биде презентирана и изложба на графики изработени во техниката сува игла од учениците од графичката струка, како и моден еко перформанс за одржлива мода, на кој ќе бидат претставени модели, од еколошки рециклирани материјали, изработени рачно од учениците од текстилната струка.
По повод патронатот, СОУ “Таки Даскало“, издаде и нов број на училишниот весник “ГРСТ“, а ќе биде промовирана и радиодрама на англиски јазик подготвена од учениците од билингвалните паралелки, во соработка со Американското катче од Битола.