2win800x200

Потпелистерието побеле од град

Мај 14, 2022

 Силно невреме проследено со дожд, грмежи, ветер и град го зафати Потпелистерието поладнево. Наши читатели испраќаат фотографии од Потпелистерско Нижеполе каде се е побелено, но не од снег туку од врнежи од град. Невремето трае повеќе од половина час.

viber image 2022 05 14 16 36 49 585

Од УХМР најавија дека денес на повеќе места, а утре претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

viber image 2022 05 14 16 46 11 062

Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува во среда.

 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани