За време на викендот, веднаш по невремето, кое беше проследено со големи врнежи од дожд и силен ветер, екипи на ЈП Комуналец Битола излегоа на терен, при што презедоа активности за расчистување на состојбата.
-При интервенцијата собрани беа преку 10м3 земја, наноси од неколку критични локации на раскрсница на ул.Партизанска со ул.АСНОМ, ул.Партизанска со ул.Стрчин, ул.Север-југ, кружните текови на ул.Партизанска со ул.Васко Карангелевски, кружен тек Црн мост. Силниот ветер, предизика последици на повеќе локации, при што екипите на ЈП Комуналец Битола, досега интервенираа на повеќе од 10 локации, каде што е извршено отстранување на паднати дрвја и гранки. Поголеми интервенции беа преземени во градскиот парк Саат кула ул.Анести Пановски, ул.Димитар И.Мурато, ул.Партизанска и ул.Лавчански пат, а особено на отстранување на штетите се работеше на Главниот градски парк, Шеталиштето и Тумбе кафе.
Поради невремето, беа преземени и активности на дополнително метење на улиците со метларка, а во ноќните часови се изврши миење на главните улици со цистерна, информираат од ЈП Комуналец
Екипи од одделението за одржување на уличното осветлување за време на викендот на барање на граѓаните и по нивни пријави, со цел решавање и на овие проблеми интервенираа на над 10 локации во Општина Битола.