2win800x200

Родителите синоќа патролираа заедно со полицијата за да видат со што се соочуваат нивните малолетни деца при ноќните забави

Јули 09, 2022

На 08.07.2022 во временскиот интервал од 22.00 до 01.00 часот, во рамки на превентивната активност на СВР Битола „Безбедно лето“, патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција во содејство со Одделението за полиција и криминалистичка полиција и родители, педагошки служби од училиштата и преставници од Советот за малолетничко престапништво од Општина Битола, извршија обиколка и посета на угостителски објекти, училишни дворови, паркови и друг јавен простор каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за ноќна забава на малолетници.

Оваа активност е со цел родителите да се запознаат со ризиците на кои се изложени нивните деца при злоупотреба на алкохол, дрога и цигари.

За време на контролата извршени се легитимирање на лица, прегледи кај младата популација, при што едно лице е лишено од слобода, бидејќи при преглед кај него беше пронајдена марихуана. Имено, во Градскиот парк е приведен Н.Х.(22) и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави кај младата популација

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани