2win800x200

Се асфалтира улицата „Цане Василев“ во Битола

Јули 12, 2022

Со денешното асфалтирање на улицата „Цане Василев“, се финализира проектот за реконструкција на оваа улица.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на работните активности на терен, каде се сретна со дел од жителите на оваа улица, кои ја потврдија неопходноста од подобрувањето на инфраструктурните услови во овој дел на градот.

Улицата „Цане Василев“ е 12  од предвидените 23 улици  за реконструкција оваа година, информираат од Општина Битола.  Од почетокот на градежната сезона во Битола, покрај улицата „Цане Василев“, завршено е асфалтирањето и на улиците: „Македонска фаланга“, „АСНОМ“, „Довлеџик“, „Солунска“, „Брегалничка“, „Штипска“, „Бранислав Нушиќ“, „Христо Узунов“, „Вера Циривири Трена“, а од руралните места завршено е асфалтирањето на улици во селата Дихово и Логоварди.

Покрај завршеното асфалтирање на наведените улици, во тек се и работни активности за реконструкција на 4 други улици, а локалната самоуправа веќе изготвува проектна документација и за улиците кои ќе се реконструираат во Битола, идната градежна сезона.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани