2win800x200

Синдикатот на РЕК ќе помогне во обнова на куќата што изгоре во Битола

Јули 13, 2022

Синдикатот на РЕК Битола ќе му помогне на нивниот член и колега, Сребрин Поповски во обновување на неговата куќа која изгоре во пожар на 1 јули. 

Управниот одбор на Синдикатот одлучи да му додели на Сребрин 50.000 денари неповратна финансиска помош, а ќе му обебзеди и неколку апарати за домаќинство. 
 
,,Солидарноста со нашите членови е прва и основна задача на Синдикатот. Ќе помогнеме секому и секаде, согласно можностите и околностите. 
Со надеж дека во иднина ќе нема случаи во кои ќе треба да помогнеме за намалување на болката или последиците од немили настани, на Сребрин и семејството му посакуваме што побрзо обновување на куќата", рекоа од Синдикатот на РЕК. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани