2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Вработени од Службата за техничка сигурност во РЕК летово ги исчистија Еврејските гробишта во Битола

Август 06, 2021

Седуммина вработени во Службата за терхничка сигурност при РЕК „Битола“ ги исчистија од вегетација Еврејските  гробишта во Битола. Вработените кажуваат дека помош од Компанијата да се вклучи во чистењето била побарана од израелскиот амбасадор Дан Оријан, а тие акцијата ја спровеле во јули. Со чистењето ги опфатиле сите пет хетари од гробиштата. Теренот го исчистиле со тримери набавени од страна на Синдикалната организација при РЕК„Битола“. Истата оваа екипа го исчисти од  трева и друга вегетација опкружувањето на манастирот „Св. Арангел“ во Битола. Вработените велат дека ова е уште еден доказ за Компанијата како општество одговорна која им помага на граѓаните и институциите. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани