АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Офицерскиот дом во Битола, како дел од програмата на битолското културно лето, синоќа се одржа концертот насловен “Табула раса“ во изведба на Камерниот оркестар „Профундис“ со вилоинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ постои веќе три години, а негови главни цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Целовечерниот концерт на БИТ ФЕСТ, беше изведен во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт.
Во Камерниот оркестар „Профундис“ членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри: Националната опера и балет и Националната филхармонија. Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.