АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на работните активности на локалниот пат за село Брусник.
Со реализација на проектот, во овој дел на општината ќе се изврши изградба на фекална канализација и реконструкција на коловозот на локалниот пат за с. Брусник.
За периодот додека траат градежните активности, сообраќајот ќе се одвива по патот с.Брусник – с.Дихово.
Сообраќајот до Винарија „Чифлик“ се одвива по постечкиот пат на кој е направена кратка девијација од 150м по која посетителите, но и граѓаните кои живеат во пределот до с.Брусник можат безбедно да пристигнат до паркингот на винаријата