2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обиколницата е затвораена поради реконструкција, а не поради свлечиште, информираат надлежните

Август 26, 2018

Обиколницата е затворена затоа што ќе се реконструира, а не поради свлечиште, информираат денеска за Апла.мк од фирмата изведувач на градежните работи „Илинден“ од Струга. Велат информацијата објавена на веб страницата на АМСМ не е точна затоа што ylb прават последните подготовки за рехабилитација на оваа делница на потегот од бензиската пумпа Лукоил во насока кон Прилеп, па се до клучката кај селото Крклино

IMG 20180826 172514

И од Јавното претпријатие за државни патишта потврдуваат дека започнува да се реализира проектот за рехабилитација на коловозот на овој дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп,  а истовремено,    се бара трајно решение  и за одроните од ридот, кои се појавиле во внатрешноста на шумата. Но, причината за затворање на патот е негова реконструкција, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Од „Илинден“ велат дека веќе   се поставени сообраќајни знаци за измена на режимот на сообраќај, донесена е дел од механизацијата со која ќе се изведува рехабилитацијата на патот, а до кога ќе се одвиваат градежните работи велат зависи од временските услови. За тоа време возилата ќе транзитираат низ Битола.

Обиколницата над Битола често пати беше затворена за сообраќај свлечишта кои се појавија во повеќе наврати после големите поплави во Пелагонија во 2015 година. Сообраќајот се пренасочуваше низ Битола, што создаваше метеж и доплнително аерозагадување.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани