2win800x200

БГНЕС: Властите во Скопје наредија претрес во културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола

Јули 30, 2022

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на  Македонија ќе изврши претрес во Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола, за што бил информиран претседателот на здружението, Љупчо Георгиевски, објави БГНЕС.

Георгиевски официјален допис добил вчера, а во писмото од Комисијата за антидискриминација се вели дека на 4 август ќе се изврши увид во просториите на Центарот за култура и се предупредува дека на службените лица мора да им се овозможи пристап.

Во писмото се прецизира дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата може да изврши преглед на документацијата и на просториите, како и да бара и собира копии од документи поврзани со конкретен случај и дискриминаторски практики, почитувајќи го правото на приватноста.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани