
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчера околу 03.25 часот во Полициска станица Битола, Т.С.(26) од Битола пријавил дека на улицата Чеде Филиповски-Даме во Битола настанал пожар во автобус „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Б.(22) од Битола, соопшти МВР во дневниот билтен.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Битола.
Увид извршила полициска екипа.