2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Нестабилно време до крајот на неделата, за викенд заладување

Јуни 19, 2018

Под влијание на циклонот Силвија, битолскиот регион вечерва го зафати големо невреме проследено со силен дожд и грмежи, а метеоролозите  најавуваат дека нестабилно време ќе има до крајот на неделата.

 Бран од врнежи имаше од   Огражден кон запад  и во дел од Пелагонија. Најмногу дожд наврна во Битола,  Тетово и Претор.

 Во првиот дел од ноќта ќе се задржат условите за нестабилност, а потоа ќе е мирно, а облачноста ќе се намалува. Ветерот ќе остане северен и ќе се смирува.

Според прогнозите, утре претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне повторно ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Слично време не очекува и во четврток.

В петок ќе започне да дува умерен до засилен северозападен ветер, а кон крајот на денот се очекува поизразена нестабилност со поројни врнежи и грмежи.

За време на викендот ќе биде значително посвежо со повремен лоаклен дожд.

Температурата во текот на утрешниот ден во Битола ќе се движи од 14 до 26 степени.

vreme

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани