2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Планирано ќе биде исклучен првиот Блок во РЕК Битола, информираат од Дражавните Електрани

Септември 05, 2022

Oд денес попладне, па во наредните два дена Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на Република Северна Македонија. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката, информираат од Државните Електрани. 

-Потсетуваме уште еднаш дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК Битола нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите.  Во меѓувреме, продолжува со работа Блок 2 на РЕК Битола. АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучливо од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови, се наведува во соопштението од АД ЕСМ. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани