2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Илиевски: Се прави ребаланс за еден парк, во училиштата не се инвестира, директорите бркаат гулаби од покриви

Септември 19, 2022

На последната седница каде на дневен ред се најде ребалансот на Буџетот на Општина Битола, владеачкото мнозинство побара поддршка и од опозицијата, со објаснување дека оваа година реализацијата на буџетските средства е рекордна, над 46 проценти за вториот квартал.

Сакам да ги повикам колегите од опозицијата да гласаат за ребалансот на Буџетот, бидејќи имаме историски најдобра реализација во Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2022 од фантастични 46,15 проценти, што досега никогаш не се има случено во Општина Битола ниту пак друга општина во Македонија. Тоа е согласно бројките кои ни с е пратени од Одделението за финансии. Во 2018 година имало реализација 26,75 проценти, 2019 -32,69 %, 2020 22, 42%, 2021 26, 05%. Во однос на проектите, согласно програмата на Одделението за економски развој има преку 60 проекти, од кои само за улици се 38 проекти. Тоа се проекти за реконструкција за кои се склучени договори, фирмите се воведени во работа, а поголемиот дел од нив се во финална фаза. Затоа повикувам на конструктивност, повикувам да го поддржите ребалансот на Буџетот, рече Бојан Бојковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Коњановски и ДПМНЕ имаа полна каса пари за да реализираат барем дел од изборните ветувања, а наместо тоа, трет пат прават ребаланс на буџет годинава без да имаат компас каде се движи општината, им одговорија од опозициската СДСМ

-50 паркови направивме за 4 години, една година помина, еден парк не можете да направите. Слики објавувате секој ден на ФБ, денес се рамни, утре чакал се поставува. Сега ќе заврне и пак ќе порасне тревата. Напролет од почеток, ќе го рамниме, па пак чакал ќе туриме. А ветувавте ренесанса на Битола, ги излажавте граѓаните. Ништо спектакуларно не направвте во делот на инфраструктурата. Програмата за животна средина останува иста, со ребалансот нема пари за екологија. За образованието знаме како го наследивме и во која форма го издигнавме. Не гледам сега чекор напред и напредок. Имаше голем проблем со превозот, го донесовме до некое ниво, Сега пак слушаме има проблеми. Вие дојдовте да го решите системски проблемот, а изминаа 10 месеци откако сте на власт. Во овој период немате започнато нешто големо и крупно во образованието. Кога на комисија ги прашавме директорите со кои проблеми се соочуваат, една директорка рече дека имаат проблем со гулабите на покривот. Ете тоа е нивото на образованието во моментот во Општина Битола, се бркаат гулабите од покривите на училиштата, наместо да се осовременува. Нема да ме чуди до нова година уште еден ребаланс да направите. Ќе видите некој политички теснец и оп ребаланс. За еден парк ребаланс на Буџетот правиме, одговори Методија Илиевски од СДСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани