„Архиви на невидливите“ е научно-истражувачки проект посветен на првото македонско женско списание „Македонка - Орган на АФЖ“. Првиот број на „Македонка“ бил отпечатен во извонредно тешки услови на 7 ноември 1944 г. во Битола.
Уреднички на изданието се Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска, заедно со авторите Дарко Стојанов-Леитнер, Мања Величковска и Христина Иваноска. Според изјавите на автор(к)ите, овој проект е од исклучителна важност во проучување на периодиката од македонското минато и оваа збирка нуди потенцијал за понатамошни истражувања од повеќе дисциплини. Вклучените во проектот ќе работат понатаму во насока на дигитализација на списанието со цел доближување на содржините од оваа периодика до јавноста.
Оваа година, на 7 ноември, изминуваат 78 години од првиот број на „Македонка“; а ова е првото сеопфатно истражување на списанието во современите хуманистички науки во нашата држава, кое се надоврзува на првите истражувања од 1970-те годиниПо тој повод, ја информираме јавноста за зборникот, како и другите активности кои може да се проследат на официјалниот сајт на проектот
nevidliviarhivi.mk.