2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Отворено младинско радио во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола

Ноември 07, 2022

Проектот „„Младинско радио! Во етер!“ беше официјално отворен во петокот на 4 ноември со првата работилница. Настанот го отвори професорот по македонски јазик и литература, Никола Трајковски , кој воедно и ќе работи со учениците, се обрати и директорката на Гимназијата, Лидија Споа која дава огромна поддршка за проектот.

 гимна2

Овој проект предвидува вклучување на 20 млади луѓе во создавање на првото средношколско радио во регионот. Овој проект им овозможува на младите преку практични работилници да се вклучат во создавање на радио програма во соработка со експерти и новинари. Проектот  е соработка на невладината организација „ГЕТ иновација“ Битола со СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, и истиот е поддржан преку Програмата за Демократија при Амбасадата на САД во Северна Македонија.

гимна4



Проектот се состои од 3 фази: одржување работилници и практични сесии, камп на кој учесниците ќе се сретнат со екперти и ќе имаат можност заедно со нив да ги испланираат активностите на радиото и  формирање на средношколското радио и почнување со програма на радиото.

гимна5

гимна6

гимна7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани