2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Реконструкцијата на втората делница од „Булеварот 1 Мај“ е во завршна фаза

Декември 19, 2022

Во тек се завршните инфраструктурни активности на Бул. 1 Мај, на втората делница, од Ленски Мост до ул. „Добривоје Радосављевиќ“.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката на инфраструктурните активности, како дел од проектот за реконструкција на коловоз, канализација и водовод на Бул. 1 Мај, од улицата „Добривое Радосављевиќ“ до улицата „4 ти Ноември“. Првата делница, од ул. „4 ти Ноември“ до Ленски Мост, веќе е асфалтирана.

DSC 0836 1

Во моментовна втората делница, се финализираат активностите со водоводната и канализационата мрежа, а се врши и поставување на воздушните кабли во делот од коловозот. Паралелно, се работи на подготовка на коловозот за финалната фаза, асфалтирање на втората делница.

DSC 0822 1

Вкупната вредност на проектот изнесува 17.802.287 денари. Со цел комплетно завршување и уредување на овој дел, предвидено е и ново улично осветлување со поставување на 25 нови канделабри на потегот од „Мал Безистен“ до улица „4 Ноември“.

DSC 0844 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани