2win800x200

На денешен ден е родена Естреја Овадија Мара, народен херој

Декември 25, 2022

На денешен ден, 25 декември 1923 во Битола е родена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Основно и средно  образование заврши во родниот град. Во 1938 година, замина во Белград преку Еврејското хуманитарно друштво „Визо“. Од тој период стана член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ.

Во мај 1941 година се вклучи во активностите на антиокупаторското движење во Битола.

Во 1942 година, стана член на КПЈ. Од април 1943 година, најнапред, беше борец во борбениот строј на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а набрзо потоа и во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“.

Кога се формира Третата македонска народноослободителна ударна бригада на 26 февруари 1944 година, таа беше поставена за политички комесар на чета.

Во август 1944 година, беше определена за политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада. Загина во борба со бугарските војници од пограничната караула на Кајмакчалан на 26 август 1944 година.

За народен херој е прогласена на 11 октомври 1953 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани