АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м има на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Д.Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 – 60м. на патните правци Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100м. на патниот правец Св.Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.