2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

НА НЕОЛИЦА ПУКА СОНЦЕ, ВО БИТОЛА СТУД

Декември 24, 2020

Кај Планинарскиот дом „Неолица“ на надморска височина од 1440 метри на Баба Планина, пука сонце како сред пролет, а Битолската котлина под планината е приклештена со денови во магла. Растојанието е само десетина километри, а како да се два различни светови. И овој декември Битола е погодена од темератураната инверзија, па на Баба и Пелистер е сончево, а студениот воздух е поместен во котлината.

"Горе на Неолица не меревме температура на воздухот, но сигурно беше околу 15 степени, се седеше и по кратки ракави, немаше ветер и беше прекрасно за разлика од Битола каде има магла“, вели планинарот Влатко Крбалески.

neolica

Битолчаните кои немаат обврски во градот, деновиве, а посебно во викендот избегаа од магливата Битола барајќи сонце и чист воздух по околните планини. Таму температурата деновиве достигна и до 15-от степен, а во градот маглата ја држи меѓу шестиот и осмиот Целзиусов степен преку ден.  

polarno ezero nad bitola 21

Маглата ја намали видливоста, а не доволува ни проветрување на воздухот и под неа остануваат сите загадувачки супстанци. За чудо, мерните станици овие денови не покажуваат покачени вредности што е вообичаено во магливи денови. Последните надминувања со ПМ 10 беа забалежани во мерните станици на 16 и 17 декември. Иако е дозволено 35 дена да има со вредности над дозволените количини на суспендирана прашина во годината, мерната станица Битола 2 веќе има измерено 83 денови, односно повеќе од двојно.

Министерот за животна средина Насер Нуредини вчера изјави дека комплетно се заменети мерните инстументи во станицата Битола 1, а дополнително е опремена и со инструмент за мерење на ПМ 2,5 честички.

Во Битола во просек има по 22 магловити денови. За најмаглив месец се смета декември со 6,4 денови со магла, па јануари со 6,3, ноември со 4,1 и февруари со 2,8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани