АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обвинителот Трајче Пеливанов го повлече обвинението за „Транспортер 2“ против ексградоначалникот на Битола Владимир Талески, екссекретарот на општината Слободан Бончановски, тројца поранешни директори на училишта и други пет лица. Неофицијално, причината за повлекување на обвинението е тоа што станува збор за пресудена работа, пренесува порталот А1 он
„А1он“ се обрати до обвинителот Пеливанов со прашања зошто поднел обвинение за пресудена работа, но и, дали тоа е причината за повлекување на обвинението. До моментот на објавување, од него не добивме одговор.
Обвинението за „Транспортер 2“ се однесуваше на злоупотрби направени при избор на најповолен превозник за ученици, односно тендерската постапка. Шестмината, вработени во општина Битола, се сомничеа за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. Четворицата членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, според обвинението, постапиле спротивно на член 169 од Законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот. За секретарот, во обвиниението стоеше дека иако немал ингеренции, потпишал согласност за склучување на договори за превоз на ученици во учебната 2015/16 со нереални пазарни цени. Градоначалникот, пак, ја донел конечната одлука.
Обвинителот Пеливанов со поднесување на обвинението тврдеше дека со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари.