Се откажува бугарската комедија „Вражалец“, информира Битолскиот театар

Јануари 27, 2023

Се откажува бугарската комедија „Вражалец“ чие гостување беше помогнато  од бугарската фондација  на Милен Врабевски. Претставата требаше да се одигра на сцената на битолскиот театар на 1 февруари. 

-Би сакале да ве известиме дека претставата "ВРАЖАЛЕЦ" која беше закажана на 1ви февруари - гостувањето од Р.Бугарија на театарот Мелпомена се откажува, соопштија од БНТ. 

Вчера Апла.мк објави дека -на неколку места во градот има плакати преку кои се информираат и  повикуваат граѓаните да ја проследат театарската комедија „Вражалец“ на 1 февруари годинава, на сцената на Битолскиот народен театар, за што влезот е бесплатен 

Комедијата е на драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен која и претходно има гостувано во Битола со претстава на интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“. Покрај фондацијата на Врабевски, финансиер на претставата е и Министерството за надворешни работи на Бугарија, но во организацијата е вклучен и Генералниот бугарски конзулат во Битола.  

Од Фондација на Врабевски велат дека гостувањето на театарската комедија е закажана уште пред три месеци и дека културата е таа која треба да ги зближува двата народа без оглед на моменталните случувања меѓу двете држави. 

„Гостувањето на театарот од Плевен во Битола е закажано неколку месеци пред Нова година, и културата треба да биде мост на зближување или мост на разбирање како сакате, настрана од овој момент. Според мене, нема ништо лошо во една театарска претстава па особено во комедија. Комедија е претстава што се разбира и на француски јазик, а не пак на бугарски“, вели, Георги Црномаров од фондацијата „Бугарска памет“.

Од Битолскиот театар го потврдуваат гостувањето на бугарските комедијанти.

Комедијата „Вражалец“ ќе биде прикажана и во Штип и во Струмица на 2 и 3 февруари годинава.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани