Синдикатот на РЕК Битола донираше и опреми училница во ОУ Кирил и Методиј со училишни клупи и столчиња.
Училницата во која се сместени првачиња доби нов лик на иницијатива на директорката на училиштето, Жанета Тошеска и одделенскиот наставник Лидија Поповска, како и благодарение на општествената одговорност што РЕК Битола ја практикува.
Синдикатот на РЕК Битола, комбинатот и АД ЕСМ како компанија, преку различни форми поддржуваат институции, здруженија, клубови во различни сфери од општеството, секогаш имајќи го во предвид јавниот интерес. Така ќе продолжиме и во иднина.