СВР Битола на подрачјето на Битола започна со реализација на нова превентивна кампања насловена како – “Безбеден град, безбедна заедница“.
Во рамки на оваа кампања полициски службеници од криминалистичката полиција од Полициската станица од општа надлежност Битола, од сообраќајната полиција и полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Битола на средби со граѓаните во урбаните и месни заедници на подрачјето на Битола, во непосредна комуникација со нив споделуваат практични совети и искуства, кои ќе помогнат за уште поголема безбедност во градот.