2win800x200

(Видео)Нашата Ирена го "однесе" "Македонско девојче" и во Нов Зеланд

Јануари 31, 2023

Македонската песна за најубавото девојче на светот  „Македонско девојче“ во изведба на нашата битолчанка, Ирена Ангеловска и   учесниците на Етно Нов Зеланд 2023 беше дел од  завршниот концерт на Етно Нов Зеланд 2023 година.

Ангеловска го сподели ова искуство на својот фб профил  и напиша: 

- Музика и култура - приказна пренесена од еден на друг со топли чувства кои го потврдуваат твоето присуство овде и сега. Ethno New Zealand 2023 ми даде простор за споделување, учење, растење, слушање и размислување. Го прифаќа културниот диверзитет и ги поддржува разговорите за идентитетот, историјата, опресијата, колонизацијата и политиката преку споделување музика и рефлективно размислување.

Ја споделив мојата музика со многу убави луѓе кои чекореа покрај мене на ова неверојатно патување. 
 
Ја изведовме една од најпознатите македонски песни, втората химна на сите Македонци. Песната за најубавото девојче на светот - Македонското девојче, напишата нашата Ирена
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани