АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во програмата за работа на Општина Битола, за 2023 година предвидени се реконструкции на улици во повеќе рурални населени места.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски и дел од вработените во општина Битола, го посетија с. Егри, каде е предвидена реконструкција на коловозот на 10 краци, односно улици во должина од 1369 метри. Во тек е јавна набавка за избор на изведувач, по што се очекува и асфалтирање на улиците, а вредноста на овој проект е 6.529.459 денари.
Локалното население ја посочи важноста од реконструкцијата на улиците, а со градоначалникот Коњановски разговараа и за останатите тековни проекти и потреби на жителите од ова село.
Во руралните средини кои гравитираат кон поранешна општина Бистрица, во наредниот период ќе се реконструираат улици и во с. Лажец, во должина од 208 метри со вредност од 1.243.193 ден, како и во с. Оптичари, каде ќе се реконструираат 7 краци во должина од 934 метри, во вредност од 5.306.954 денари.