АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Следејќи го по принципот на континуитет, предвидовме изградба , реконструкција и рехабилитација на 23 улици, и тоа Булеварот „Први мај“ во потегот од Борово до „4 Ноември’’, „Солунска“, „Христо Узунов“, „Наум Наумовски- Борче“„7 јули“ и “Сутјеска“, дел од улицата „Крушевска република“ во АРМ, улица „Стата чешма“, „16“ , „Ѓорги Димитров“, „АСНОМ“, „Македонска фаланга“ , „Брегалница“, „Штипска“ и други“, најави градоначалникот Коњановски која на денешната седница на Совет ги презентираше приоритетните проекти во програмите и плановите за идната година.
Улична мрежа низ селата Логоварди, локалните патришата за селата Дихово, Буково, Брусник рече дека планираат во целост да ги завршат до крајот на следната година.
Во програмата за комунални дејности планирани се изградба на нов парк во Нова Битола и средства за обнова на планиансркиот дом „Копанки“, а од Програмата за економски развој проектот за влезот на Битола од страната на Скопје, како и реконструкција на инфраструктурата во старата индустриска зона, решавање на греењето во споортската сала.
Во 2022 година планирано е и отпочнување на изработка на генерален урбанистички план за Битола со површина од 2500 хектари.
Кај програмата за животна средина има зголемување на средствата за 6 милиони денари, а планирани се изработка на зелен катастар, ЛЕАП, ажурирање на катастар на загадувачи, субвенционирање на велосипеди, чистење на оџаци, енергетски ефикасни фасади и набвака на опрема за видео надзор на јавните површини.