2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчанецот Мартин Николовски ангажиран за новинар во „Гласот на Америка“, најголемата американска меѓународна мултимедијална новинска организација

Февруари 23, 2023

Битолскиот новинар Мартин Николовски е нов член на редакцијата на Гласот на Америка на македонски јазик во Вашингтон, САД.

„Ја прифатив понудата на Гласот на Америка да бидам дел од програмата за размена на новинари, пред сѐ затоа што сметам дека искуството што ќе го стекнам тука ќе ми биде од големо значење во мојата работа, а воедно македонските граѓани ќе имаат можност изворно, брзо, точно и навремено да се информираат за сите вести што доаѓаат од Америка. Сметам дека Гласот на Америка е голем исчекор во мојата професија и ми се исполни сонот од детството.”, изјави за Апла.мк, Мартин Николовски.

Инаку Николовски уште од 13-годишна возраст беше дел од програмата на битолската телевизија Тера како водител на емисии за деца и млади. Дипломира на насоката новинарство на Универзитетот Хаџи Бајрам Вели во Анкара, Турција. По своето дипломирање работеше во телевизиите Телма и 21, како и во Македонското радио - Радио Скопје.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани