2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Градоначалниците Гулевска и Кузманоски на онлајн средба со младите од Интерактив

Мај 20, 2020

Градоначалниците на Могила и Новаци на онлајн средба со младите од Интерактив

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола започна со реализација на проектот: „Примена на ИТ алатки за комуникација во функција на психо-социјална поддршка и мотивација на младите луѓе во руралните средини во Пелагонискиот регион во време на КОВИД 19“, поддржан со ад-хок грант од Цивика Мобилитас.

„Генералната цел на проектот е тоа што фокусот го става на употребата на ИТ алатките за комуникација во насока на подобрување на благосостојбата на младите луѓе од руралните средини во Пелагонискиот регион за време на пандемијата со коронавирусот.“ – вели Мартин Николовски, претседател на здружението Интерактив – Битола.

Здружението во соработка со социолог, педагог, психолог и експерти од различни области реализираат повеќе средби и работилници за младите луѓе од Пелагонискиот регион.

На дел од средбите учество зедоја и градоначалниците на општините Могила и Новаци, Јасмина Гулевска и Љубе Кузманоски кои со младите од Интерактив споделија за превземените активности на општините со почетокот на пандемијата на коронавирусот како и за начинот на реализација на онлајн наставата во основните училишта во руралните средини

Од Интерактив истакнуваат дека реализацијата на проектот е исклучиво онлајн, и воопшто ниту еден од учесниците и екпертите не се изложени на никаква опасност. Тимот на Интерактив строго го застапува ставот за придржување на предложените мерки во борбата против коронавирусот.

Преку реализација на овој проект се зголемува информираноста на младите луѓе од руралните средини за важноста на менталното здравје за време на пандемијата Ковид 19 и примената на ИТ алатките за комуникација при реализација на различните активности за социјализација и учење кои имаат позитивно влијание врз благосостојбата на младите луѓе од руралните средини во Пелагонискиот регион за време на пандемијата Ковид 19.

кјг

кс9

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани