АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипи од општина Битола заедно со претставници на фирмата задолжена за одржување на инсталации за греење на општинските објекти, излегоа на терен при што отстранет е дефектот на цевниот систем во градинката "Колибри".
На системот во објектот на училиштето не е констатиран дефект, но ќе се спроведат целосни испитувања за време на викендот, имајќи предвид дека станува збор за систем стар околу 40 години.
Прекин во греењето на просториите на училиштето и градинката нема да има и од понеделник, наставата продолжува во соодветно затоплени простории за учениците во училиштето, како и за згрижување на децата во градинката.