2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Малолетници дивеејќи со скутер прегазиле куче на шеталиште кое мирно спиело

Јули 09, 2018

Малолетници во алкохолиизрана состојба возејќи со огромна брзина со скутер по битолското шеталиште, прегазија куче кое мирно спиело, објави на својата ФБ страницата Здружението за заштита на животните „Мали херои“ од Битола. Настанот се случил во саботата, 2 часа по полноќ, кога малолетниците дивеејќи по шеталиштетот со скутерот поминале преку вратот на кучето.

 

Луѓето кои биле сведоци на настанот, се обиделе да му помогнат на кучето, но со оглед дека било доцна во ноќта и покрај напорите, не успеале да најдат ветеринар. Две девојки го згрижиле повреденото куче кај нив, но тоа не издржало и умрело во текот на ноќта. 

Од Здружението „Мали херои“ велат дека сторителите се идентификувани, а настанот е пријавен во полиција. Тие бараат сите оние кои имаат повеќе информации за настанот да се обратат до нив. 

Граѓаните на социјланите мрежи рагираат револтирано и бараат казни за ваквотот изживување врз животните, што честопати се случува, посебно од деца. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани