2win800x200

Минималецот се покачи на 20 175 денари

Март 13, 2023

Донесовме одлука за зголемување на минималната плата. Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2 175 денари и од 18 000 денари ќе се покачи на 20 175 денари, односно ќе има зголемување за 12 отсто, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешниот еконосмко-социјален совет.

„Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници, кој е усогласен со законот со минимална плата, тоа значи дека линеарно ќе се усогласат и платите на 27 000 службеници, како и во другите сектори во кои законите се усогласени со законот за минимална плата“,

рече Ковачевски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани