АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во градскиот парк се одржа хуманитарниот настан ,,ВЕЛИГДЕН ВО МНОГУ БОИ,, организиран од школата за уметност Адамс Арт од Битола. Младите уметници ја споија својата синергија за да шират среќа и добрина. Минувачите уживаа во уметничките дела кои беа поставени во паркот, каде имаше многу шарени детали, рачни изработки и насликани дела на платно. Адамс арт насочи на опуштена креативна активност, каде младите уметници ги продаваа своите уметнички парчиња, со цел паричните средства да ги донираат во чест на најголемиот христијански празник Велигден. Целта на овој хуманитарен настан е да делуваме во духот на хуманоста, да помогнеме на 3 загрозени социјални семејства, кои се на списокот за помош од Православната епархија во Битола. Воедно, да всадиме емпатични вредности кај децата од најмала возраст, со што инвестираме во иднината на општеството. На овој начин оддаваме и почит кон уметноста како професија или хоби во поглед на тоа дека нема граници на делување.