СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ПРИФАТИ ДА РАСПРАВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА УПРАВНИТЕ И НАДЗОРНИТЕ ОДБОРИ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА КОИ ИМААТ ДОЛГОВИ

Мај 31, 2023

Советот на Општина Битола за првпат прифати на дневен ред да се стават точки со одлуки за разрешување на управните и надзорните одбори на јавни претпријатија кои се во долгови, и тоа по предлог на советник од опозицијата. Методија Илиевски, координаторот на советничката група на СДСМ и колаицијата, кои се во опозиција во Советот, предложи да донест одлуки за разрешување на управните и надзорните одбори на шест јавни претпријатија и тоа, Водовод, Комуналец, Жабени, Паркинзи, Пазари и Културно-информативниот центар кој управува со Офицерскиот дом и Киното „Манаки“. Советниците од локалната власт предводен од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери се спротивствија, но точките ги поддржаа сите останати советници од СДСМ, ДОМ, Поинаку и Левица, со што ја надгласаа локалната власт.

„Се надевам дека денес сите ќе се одважиме да го изгласаме предлогот, да ги разрешиме управните и надзорните партиски одбори за на следната седница управните и надзорните одбори да ги донесеме на Совет составени од партиципиенти кои сите ние ќе ги предложиме. Ова го предлагам само од една причина да ги спасиме јавните претпијатија зашто ве убедувам ако ги оставиме овие одбори и ако продолжат да работат со истиот стил на работа во следната година ќе треба во овие претпријатија да прогласиме стечај или да книжиме уште поголеми загуби“, рече Методија Илиевски од СДСМ.

Ѓорги Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не е земен во предвид членот 17 од Законот за јавни претпријатија кој предвидува основачот да ги разреши сите членови на управниот одбор пред истекот на мандатот доколку не даде согласност на годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие, за што е дадена согласност.

Но, реагираше претседателката на Советот, Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива Поинаку, која укажа дека тие точки уште не се излезени во службен весник и не се знае дали ќе добијат сопгласност бидејќи во тече жалбена постапка.

Тоа се всушност точките за завршните сметки на јавните претпријатија кои беа изгласани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ на спорната седница на 20 април која Илиевска ја прекина, а овие избраа друг претседавач на седницата.

Ѓогиевски бараше точките воопшто да не бидат ставени на гласање, а Илиевска му возврати „тоа моежете да го сторите кога Вие ќе бидете претседател на Совет“. По ова се состана Комисијата за статут и прописи, но и таму власта беше надгласанна, па точките се ставија на дневен ред, а за нив ќе се дискутира доцна попладнево зашто седницата има 69 точки, а тие се оставени за последни.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани