2win800x200

Почнува турнирот во фудбал „Јованчо Димовски-Начко“, членовите на фудбалскиот клуб „Враниќ“ пристигнаа во Битола

Јуни 08, 2023

Битола овие денови ќе се сеќава на нашиот сограѓанин Јованчо Димовски-Начко сестран спортист и хуманист кој прерано замина од овој свет. Здружението на фудбалери и спортски клубови ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола денеска ги пречекаа гостите од Србија, членови на фудбалскиот клуб „Враниќ“ општина Барајево, близу Белград. 

Големо добродејде им посакаа пријателите од битолското здружение кое во наредните три дена ќе се обидат да го направат што попријатен нивниот престој во Битола каде ќе се слави пријателството и почитта меѓу двата соседни народи. Натпреварите ќе се одржат во сабота од 16 до 19 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, по што ќе следува и свечена вечера и дружење на двете екипи.  

Нема достапен опис.

Здружение ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола, активно работи 9 години, а беше формирано по повод прераната смрт на Јованчо Димовски-Начко, спортист и хуманист кој го сакаше фудбалот и играше мал и голем фудбал. 

 „Во негова чест како здружение ги проширивме нашите пријателства со екипа од соседна Србија и сакаме да испратиме порака за пријателство, толеранција и меѓусебно почитување на Македонците и Србите како соседни и братски народи.  Очекуваме добар тек на турнирот, фер игра и се надеваме на пријатни моменти со нашите гости, ни рече  Горан Шундовски претседател на здружението ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола. 

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани