2win800x200

Милевски-И покрај намалени трошоци и заштеди, грешната инвестициска политика во 2021 заедно со енергетската криза ја предизвикаа моменталната состојба во Водовод

Јуни 09, 2023
Интегрална изјава од прес конференцијата на Пеце Милевски директор на ЈКП Водовод Битола 
 
Почитувани, на граѓаните им ја должиме само вистината и токму денес тоа ќе го зборувам.
Навредливо и нечесно е јавноста да биде манипулирана и во името на политичките интриги да се лаже и клевети.
ЈКП Водовод Битола, благодарение на напорите кои ги вложуваме - сите вработени без исклучок на сите работни позиции функционира ефикасно и непречено ги обезбедува услугите кон граѓаните. Обезбедување на чиста питка вода до секој граѓанин и брзо навремено санирање на дефектите на водоводната мрежа.
Со максимални напори бележиме големи заштеди и сериозно намалени износи во сите ставки од нематеријалното работење.
ЈКП Водовод сериозно работи на проектот за фотоволтаици, како една од можностите за одржлив развој и заштита на животната средина.
Важно е да ги информираме граѓаните и за активностите што ги презедовме во делот меѓународна прекугранична соработка.
Тоа го правиме да ги отвориме и олесниме нашите можности за користење на европските фондови за проекти кои ќе го унапредат нашето работење.
Граѓаните и јавноста мора да ги добиваат вистинските информации, а не клеветите и манипулациите кои континуирано, аматерски ги прави СДСМ. Да застанат и сериозно да размислат за нивната вистинска улога како сериозна опозиција.
Несериозно е да се верува, дека тие, особено како советници со еден мандат зад себе, не знаат дека токму во 2022 и 2023 ЈКП Водовод мора да ги исплати направените трошоци од мојот претходник:
- 700 илјади евра за новата административна зграда, за оправданоста повеќепати е зборувано и алармирано.
Прашање е дали основачот т.е. Советот на општина Битола има одлука за за оваа иннвестиција?
- Граѓаните треба, исто така, да знаат со чија одлука поранешниот директор од редовите на СДСМ и врз основа на каков елаборат за оправданост, записник од стручен колегиум или мислење на било кој инжинер или вработен во Водовод се набавени водни пумпи во вредност од 400.000 евра, кога старите водни пумпи биле во функција и работеа без никаков проблем, за кои постојат и резервни делови.
- Граѓаните на Битола треба да знаат каква била неопходноста од поранешниот директор од редовите на СДСМ да бидат земени на лизинг патнички возила, АТВ мотори во вредност блиску до 200.000 евра
- А СДСМ смешно и наивно е да не знае за големите износи за консултантски услуги, за нотари, адвокати, репрезентација … во периодот 2018-2021
Ваквото во наводници стратешко и домаќинско работење на СДСМ го чини Водовод повеќе од еден милион и стотина илјади евра, исплатени во последната година и пол.
Она што најсериозно ги загрозува сите јавни претпријатија во државата, а со тоа е вистинска закана и за ЈКП Водовод Битола, е страшната економска и енергетска криза со која што Владата на СДСМ и ДУИ не само што не се справи, туку страшно ја продлабочи.
Така за електрична енергија по нова екстремно зголемена цена, плативме над 45 милиони денари и уште 22 милиони денари за потрошена сирова вода од Стрежево.
Еве го износот, почитувани граѓани од 67 милиони денари.
Или уште еднен милион и стотина илјади евра.
Лесно е да се изнесуваат лаги, уште полесно е да се клевети, не е оправдано да не се познаваат состојбите или лажно да се толкуваат состојбите.
Предизвиците се решаваат само со посветеност, транспарентност и работа.
ЈКП Водовод Битола останува посветено на сервисирањето на сите водоводни услуги непречено, ефикасно и најважно здрава и бактериолошки и хемиски исправна вода за битолчани.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани