Можностите за развивање на меѓуграничната соработка помеѓу двете претпријатија, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес се темите на
кои разговараа , директорот на ЈКП Водовод Битола со своите соработници и директорката на D.E.Y.A.F од Грција и нејзини соработници, вчера на состанок во Битола.
-Во рамките на посетата за вмрежување на општинско и канализациско претпријатие Лерин во просториите на Водовод од Битола за размена на искуства и имплементација на иновативни технологии во водоводните мрежи.
Беше извршена презентација на дигитални и технички решенија со цел, подобрување на процесот со водоводната инфраструктура и водоснабдувањето.
Средбата заврши со изразен оптимизам и посветеност кон градење силно партнерство, објавија од Водовод Битола .
Присутните го истакнаа значењето на постојаната комуникација и соработка за постигнување на резултати и зајакнување на односите меѓу двете претпријатија.