АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НП Пелистер го спроведува проектот за ризици од шумски пожари и поплави како и потребата да се подигне свеста кај граѓаните за превенција. Вчера во Инфо центарот се одржа работилница на која присуствуваат претставници од НП Пелистер со директорот Макиќ Шемшедини, со претставници од Грција од INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција - Република Северна Македонија 2014-2020“. Проектот подразбира имплементирање на современи алатки за навремена прогноза и мониторинг на ризици од шумски пожари и поплави и иновативни техники за заштита и подготвеност на граѓаните-ПРЕВЕНТ.
Метеоролошките станици ќе мерат температура, влажност, брзина и насока на ветерот и количина на врнежи. Се поставуваат на Големо Езеро, Инфоцентарот во НП Пелистер, ски лифтот кај Нижеполе и на реката Драгор во близина на Црн мост, вели Малиќ Шемшедини, директор на НП Пелистер Битола.
„Проектот подразбира имплементирање на современи алатки за навремена прогноза и мониторинг на ризици од шумски пожари и поплави и иновативни техники за заштита и подготвеност на граѓаните. Во рамките на проектот вчера и денес се поставуваат пет метеоролошки станици на неколку локации во Битола, Пелистер и Охрид“, потврдува Малиќ Шемшедини, директор на НП Пелистер Битола.
Состанок за напредокот со партнерите од INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција - Република Северна Македонија 2014-2020“, проект Современи алатки за ризици од шумски пожари и поплави навремена прогноза и следење и иновативни техники за заштитна свест и подготвеност на граѓаните-ПРЕВЕНТ.