2win800x200

Општина Битола-Почна пријавувањето на штети од вчерашното невреме

Јули 06, 2023
После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола во средата на 05.07.2023 година, се известуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета, дека може да поднесат барање за пријавување на штета на шалтерите во Општина Битола.
Во прилог на барањето потребно е да се достави:
- имотен лист/доказ за сопственост
- фотографии од претрпената штета
- копија од лична карта
- број на трансакциска сметка
Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.
Барањата можат да се доставуваат од четврток 06.07.2023 до петок 14.07.2023 од 09.00 до 15.00 часот.
Барањето за пријавување на штета е достапно на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/izv-steta/
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани