Дуќани на Широк Сокак се без струја по невремето, ЕВН цел ден не реагира на нивните повици за санација на проблемот, се жалат дуќанџиите

Јули 06, 2023

Дуќани од горниот дел на  Широк Сокак од вчера по невремето имаат пороблеми со напојувањето со електрична енергија и како што велат сопствениците на дуќаните, не можат да работат и покрај пријавениот дефект во ЕВН.

Вчера, дел од дуќаните имаа прекин во напојувањето со струјата, најверојатно предизвикан од силните електрични празнења, па денес не можат да работата, да ја вклучат фискалната каса, компјутерите и се што им  е потребно за непречено функционирање. Велат дека проблемот го пријавиле, но работниот ден одминува, а засега нема решение на ситуацијата.  

Обновено

 По објавувањето на реакцијата на сопствениците на дуќаните, екипа на ЕВН реагираше веднаш и проблемот е надминат. 

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me