2win800x200

Се удави 22 годишно момче од Шпанија на Олимписки во Битола

Јули 07, 2023

22-годишниот С.Ч., државјанин на Шпанија, попладнево се удави во водите на отворениот Олимписки базен во Битола, потврдија од Битолската полиција. Трагедијата се случила нешто по 16.30 часот, а очевидци кажуваат дека момчето на базенот било со придружба на пријатели.  

Од СВР Битола соопштија дека смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Лекарската екипа на лице место се обидела да го реанимира момчето кое не давало знаци на живот. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола. Телото било пренсено и во битолската Клиничка болница каде повторно се направиле обиди за реанимација, но без успех. 

 По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините и околностите за овој трагичен настан

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани