АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По 75 дневен капитален ремонт, првиот блок во РЕК-Битола, од денеска повторно е ставен во функција, информираат од комбинатот.
„Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од два и пол месец“, се наведува во соопштението од АД ЕЛЕМ, подружница РЕК-Битола.
По капиталниот ремонт на првиот блок на Термоелектраната Битола, започнуваат ремонтни активности на вториот блок кои ќе траат до 10 септември, а ремонт на третиот блок на РЕК Битола предвидено е да се реализира од 10 септември до 15 октомври.