„Нискоградба“ со соопштение до граѓаните

Септември 14, 2023
КЈП Нискоградба Битола ги информира граѓаните дека од неодамна на новата платформа за електронска наплата на сметки е воведена нова услуга за електронска достава на истите и апелира до граѓаните да се регистрираат на истата. Ваквата услуга им овозможува на граѓаните сигурна и брза достава на сметките за надомест на канализација.
Исто така информираме за услугата за одлагање на градежен шут, имено многу често граѓаните се соочуваат со проблемот за одлагање на градежниот шут и заради неинформираност ги користат услугите на нелиценцирани превозници кои одлагањето на шутот го вршат најчесто во диви депонии. Со цел да се излези во пресрет на граѓаните , како и со цел да се заштити околината информираме дека КЈП Нискоградба Битола врши подигање, транспорт и одлагање на градежен шут, на претходно доставено барање, по цени пониски од актуелните на пазарот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани