АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во насока на стимулирање на граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на домаќинствата, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, Општина Битола обезбедува поврат на дел од потрошените финансиски средства на граѓаните за инвертер клима уреди, набавени согласно условите кои беа наведени во јавниот повик објавен од општината.
Поради големиот интерес на граѓаните за оваа мерка за субвенционирање, на барање на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, средствата во Програмата за животна средина, предвидени за субвенции за клима уреди беа зголемени, со цел субвенционирање на сите граѓани кои ги исполнуваат потребните услови во повикот.
За овој вид субвенции, општината издвои 4.795.124 денари. Листата на граѓани кои ги исполнија условите за добивање на субвенции, наведени во јавниот повик е достапна на следниот линк
https://drive.google.com/file/d/1xXTZ9WBuiRG-OYJ_Yg7RLefmMFzopLm0/view?usp=drive_link