АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамки на „Европска недела на мобилност“ денеска (22.09) и вчера на подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола во соработка со претставници на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата , учениците од сообраќајните единици на основните и средните училишта од Битола ,УКЛО ,преставници од Црвен Крст Битола и останатите пријатели на манифестацијата се реализираа превентивни активност преку симболичното манифестирање на заедничко возење велосипеди во придружба на полициските службеници низ Градскиот парк во Битола ,денеска и вчера во простории на УКЛО во Битола. Притоа, покрај промовирањето на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, се промовираше и велосипедот како мобилно и алтернативно превозно средство. Во оваа прилика од страна на полициските службеници на велосипедистите им беше укажано на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и носењето кацига, како и носењето рефлектирачки елек во услови на намалена видливост за време на возењето по патиштата. Полициските службеници, заедно со ОСБСП практично ја промовираа употреба на алтернативните форми на мобилност, посебно велосипедизмот не само заради подобрување на безбедноста во сообраќајот, туку и заради криерањето на поздрава животна средина.