Општина Битола и ЈКП Комуналец, деновиве работат на хортикултурно уредување на реконструираниот паркинг кај спортската сала „Боро Чурлевски“. Реконструкцијата е завршена на површина од 7632 метри квадратни, согласно проектната документација која ги исполнува сите правилници и нормативи во Република Македонија, за што претходно беше обезбедено одобрение за градење.
Новиот лик и функционалноста на паркингот, соодветствуваат на потребните стандарди, кои целосно се постигнати и со поставеното осветлување на паркингот. Делот на хортикултурното уредување опфаќа засадување на 20 садници каталпа, кое важи за исклучително привлечно дрво, отпорно на ниски температури и мраз, со лисја во впечатлива светло зелена боја.
Наскоро ќе следува и поставување и на наплатниот пункт, а наплатата за користење на паркинг просторот планирано е да започне до крајот на идната недела.
Со дореализацијата на наведените активности, комплетно уредениот паркинг простор, целосно го заокружува проектниот лик и соодветствува на пропишаните стандарди за паркинг простор од ваков тип.